Москва

„Росијскаја газета“: Нов дијалог меѓу Русија и Бугарија

23.05.2018 10:45

Весникот потенцира дека двајцата претседатели во Сочи „детално разговарале“ за односите меѓу Москва и Софија во различни сфери. На средбата, меѓудругото, било дискутирано и за обнова на гасоводот „Јужен поток“, при што Радев истакнал дека сака да го „воскресне“ проектот.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот бугарски колега Румен Радев одлучија повторно да воспостават дијалог меѓу двете земји, ја резимира „Росијскаја газета" вчерашната средба меѓу двајцата лидери.

Весникот потенцира дека двајцата претседатели во Сочи „детално разговарале“ за односите меѓу Москва и Софија во различни сфери. На средбата, меѓудругото, било дискутирано и за обнова на гасоводот „Јужен поток“, при што Радев истакнал дека сака да го „воскресне“ проектот.

Путин, пак, на средбата истакнал дека во „последните години Бугарија не направила посебен напор да се сврти кон Русија“. Весникот исто така ја истакнува енергетската сфера како приоритет во заедничките интереси.