Собранието ја продолжува 46-тата седница
Пратениците треба да расправаат за избор на претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност, а треба да се гласа и за дополнетите предлози на Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 46-тата седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози.
Пратениците треба да расправаат за избор на претседател и членови на Комисијата за хартии од вредност, а треба да се гласа и за дополнетите предлози на Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства и на Законот за изменување на Законот за заштита на природата, двата во второ читање.
На дневен ред, меѓу другото, се наоѓаат и измените и дополнувањата на Законот за царинската управа, на Законот за градежните производи, и Законот за акцизите.
