Џафери во официјална посета на Србија
Џафери во Белград ќе се сретне со претседателот на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со српската премиерка Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното собрание со Република Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Џафери во Белград ќе се сретне со претседателот на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ, со српската премиерка Ана Брнабиќ и со членовите на Групата за соработка во Народното собрание со Република Македонија.
Како што соопшти собраниската прес-служба, Цафери ќе го придружуваат членовите на пратеничката Група за соработка со Собранието на Република Србија, Иван Стоиљковиќ, кој е претседател на групата, и Илија Николовски и Мирсада Емини Асани, членови.
