Џафери- Гојковиќ: Местото на Македонија и Србија е во ЕУ
Местото на Македонија и на Србија е во ЕУ. Двете земји се подготвени да ги исполнат своите обврски и да се приклучат кон европското семејство- е заедничкиот став на претседателите на Собранието на Србија и на Македонија, Маја Гојковиќ и Талат Џафери на средбата во Белград. Џафери е во дводневна официјална посета на Република Србија...

Местото на Македонија и Србија е во ЕУ, двете земји се подготвени да ги исполнат своите обврски за да станат дел од европското семејство- е заеднички став на претседателоте на Собранијата на Македонија и Србија- Талат Џафери и Маја Гојковиќ на нивната средба во Белград.
Македонија ја подржува Србија во нормализирањето на односите со Косово што води кон зачувување на регионалната стабилност- изјави Џафери по средбата.
„Иако постојат разлики по одредени прашања тоа не преставува пречка за унапредување на дијалогот и продлабочување на сеопфатната билатерална, регионална и мултилатерална соработка на двете држави. Во прилог на оваа заложба е и заедничката седница на двете влади во насока на економаската соработка и на инфраструктурното поврзување, со темпо диктирано од Берлинскиот процес“, нагласи претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери.
Тој додаде дека Македонија и Србија ќе работата на заедничкиот настап на трети пазари и на промоцијатра за привлекување на инвестиции и туристи.
Според Маја Гојковиќ на средбата е разговарано за сите теми кои во минатото беа препрека за соработката помеѓу парламентите на двете земји. Таа изрази подготвеност српското собрание да му пружи на македонското Собрание политичка и техничка помош и да го сподели своето искуството во процесот на придружувањето на Македонија кон ЕУ.
„Испративме порака на нашите граѓани и на ЕУ, дека државите од регионот на Западен Балкан можат и сакаат добро да соработуваат по сите прашања- за ЕУ интеграциите, за регионалната соработка, образованието, економската соработка, како и за положбата на малцинствата во двете држави“, рече Маја Гојковиќ, претседател на Собранието на Р. Србија.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери поладнево ќе оствари средба со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Оливер Бранковиќ, постојан дописник од Белград за МРТ
