Стагнира пазарот на мобилна телефонија

26.02.2014 13:23

Операторите се загрижени затоа што тоа може да влијае врз нивната профитабилност и инвестирањето во нови технологии.

Пазарот на мобилна телефонија во земјава не расте, туку стагнира, и операторите се загрижени затоа што тоа може да влијае врз нивната профитабилност и инвестирањето во нови технологии.

„Вип операторот лани инвестира 16 милиони евра, а најголем дел од овој износ беше за лиценца за новата 4G технологија“,  изјави Никола Љушев, главен извршен директор на ВИП.

Компанијата го зголемила пазарниот удел во мобилната телефонија на 28%, но ја загрижува намалувањето на мобилната пенетрација, односно бројот на мобилни корисници, спореден со бројот на жители, кој веќе втора година опаѓа.

 

Свето Николовски