„Минстрој“ тврди дека има подобар план за „Фени“
Бугарската фирма „Минстрој“ реагира на текот на стечајната постапка во кавадаречки „Фени“. Нудат подобра план за реаорганизирање на производството во комбинатот, додека компанијата „Енекод“ реагира околу нејзиното побарување за испорачана електрична енергија...

Бугарски „Минстрој“ бара „Фени“ да оди на аукција. Нуди целосен откуп на побарувањата на сите доверители на комбинатот, 30 милиоини евра за инвестиции во ремонт и обнова на двете печки, повторно отвoрање на рудникот „Ржаново“, 300 нови вработувања. За тоа ќе понудат банкарски гаранции.
Бугарите сметаат дека наместо план за реорганизација, впаричување на имотот на „Фени“ е подобра опција, за што го известиле и стечајниот управник.
Во меѓувреме, бугарски „Енекод“ реагира дека не може да си ги наплати побарувањата. Побарале изземање на стечајниот судија.
За „Фени“ веќе е во тек стечајната постапка. Швајцарската „Гсол“ понуди план за реструктурирање, за што треба да се изјасни одборот на доверители.
Наташа Гркова- Петрушевска
