Вашингтон

САД воведуваат нови санкции за Иран

23.05.2018 14:13

Со санкциите им се замрзнува секаков имот, кој би можеле да го имаат под јурисдикција на САД, а на Американците им се забранува да вршат било какви трансакции со нив.

Администрацијата на американскиот претседател Трамп го зголемува притисокот над Иран со нови санкции за пет граѓани на Иран, поради поддршка на шиитските демонстранти во Јемен.

Со санкциите им се замрзнува секаков имот, кој би можеле да го имаат под јурисдикција на САД, а на Американците им се забранува да вршат било какви трансакции со нив.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно истакна дека САД ќе ги засили напорите против групите кои му даваат поддршка на Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи САД да се повлечат од нуклеарниот договор со Иран.