Во Брисел постигната рамка за компромис за името
Договореното денеска експертите во Атина и во Скопје ќе го прочистуваат како текст на рамката за компромис. Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица...
Во Брисел вчера имало нова рунда преговори за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на која била договорена рамката за компримис во дводенецискиот спор.
Договореното денеска експертите во Атина и во Скопје ќе го прочистуваат како текст на рамката за компромис. Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објави грчката телевизија „Скај“.
Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц. Откако минатата сабота, ги известија претседателите и лидерите на политичките партии, Заев и Ципрас контактираа телефонски најмалку еднаш или два пати и треба да додадеме дека дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт.
Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор, објави грчката телевизија.
