Ново рочиште за предметот „Титаник“
Во „Титаник“, освен екс- премиерот Груевски, обвинети се уште 20 поранешни функционери. Од Специјалното јавно обвинителство се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Во Кривичниот суд, денеска рочиште за предметот „Титаник“ со воведни зборови на адвокатите на обвинетите. На предходното, адвокатите на првообвинетиот Никола Груевски побараа ослободителна пресуда.
Во „Титаник“, освен екс- премиерот Груевски, обвинети се уште 20 поранешни функционери. Од Специјалното јавно обвинителство се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Во скопска единица почнува и судењето за екс- министерката за внатрешни работи гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“. Постапката за неа беше издвоена. За набавката на блиндираниот мерцедес, минатата недела екс- премиерот Груевски беше осуден на две, а помошникот министер во МВР Ѓоко Поповски на 6 ипол години затвор.
