Могерини со поддршка за преговорите за името
28.05.2018 10:34
Могерини утринава по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името...

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името, пренесува МИА.
Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини.
