Образование
Зголемен бројот на дипломирани во 2017-та во однос на 2016-та
28.05.2018 10:58
Од вкупниот број дипломирани, 82,1 процент се редовни, а 17,9 отсто се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студентки е 57,5...

Во 2017-та година во Македонија дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, што во споредба со 2016-та година претставува зголемување за 3,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Од нив, на државните високообразовни установи дипломирале 6.460, на приватните 2.045 и на верските факултети 40 студенти.
Од вкупниот број дипломирани, 82,1 процент се редовни, а 17,9 отсто се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студентки е 57,5. Во рок дипломирале 38,6 проценти, а 61,4 отсто дипломирале по рокот.
