Вашингтон го поддржува членството на Црна Гора во НАТО
Група од 40 американски конгресмени на почетокот на месецов испратија писмо до државниот секретар на САД Џон Кери со барање прашањето за проширување на НАТО да остане клучен приоритет на Вашингтон...

Вашингтон целосно го поддржува членството на Црна Гора во НАТО, охрабрувајќи ја да продолжи со напредокот во областите на судството и одбраната, како и во јакнење на поддршката од граѓаните за влез во Алијансата.
Ова се наведува во одговор на Стејт департментот до американските конгресмени кои побарале Администрацијата на САД да влијае проширувањето на Алијансата да се стави на дневен ред на претстојниот самит на НАТО во Велс.
Во одговорот уште пишува и дека САД остануваат приврзани на политиката на отворени врати на НАТО, а до јуни ќе биде разгледан извештајот за остварување на реформите во државите кои сакаат членство во Алијансата.
Група од 40 американски конгресмени на почетокот на месецов испратија писмо до државниот секретар на САД Џон Кери со барање прашањето за проширување на НАТО да остане клучен приоритет на Вашингтон на септемврискиот самит на Алијансата.
