ВМРО-ДПМНЕ: Нон- пејперот ги сруши лажните ветувања на Заев
Во документот се евидентира целата неспособност на Владата предводена од Заев, која ги клекна на колена економијата, правната држава и судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нон-пејперот на европските земји ги сруши лажните ветувања на Заев и Шеќеринска кои бараа гласови за влез во ЕУ и во НАТО најдоцна за шест месеци. Во документот се евидентира целата неспособност на Владата предводена од Заев, која ги клекна на колена економијата, правната држава и судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, СДСМ го принудува судството да носи срамни и нарачани одлуки кои се далеку од европските практики и стандарди. Сериозни држави како што се Франција, Холандија и Данска јасно го кажуваат тоа што владините мегафони сакаат да го сокријат.
Урнисувањето и цунамито на секој план се симболот на оваа влада и ова мора да престане час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
