Ново рочиште за случајот „Титаник“

28.05.2018 13:08

Не сум виновен за делата што ми се ставаат на товар, ниту, пак, СЈО има докази за тоа, рече првообвинетиот Никола Груевски во воведните зборови.

Во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Титаник“. Не сум виновен за делата што ми се ставаат на товар, ниту, пак, СЈО има докази за тоа, рече првообвинетиот Никола Груевски во воведните зборови.

Како што истакна, тој бил само претседател на партија што победувала на избори. Поради помилувањето од претседателот Иванов, истрагата за случајот мораше да запре, а не да почне судска постапка, рече во воведниот збор адвокатот Петар Василев кој ги застапува обвинетите Гордана Јанкулоска и Илија Димовски. Истакна дека и грчкиот Врховен суд потврдил дека амнестијата е во правна сила, па затоа не ги екстрадираше Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

На претходното рочиште, адвокатите на првообвинетиот Никола Груевски побараа ослободителна пресуда. Во „Титаник“, освен екс- премиерот Груевски, обвинети се уште 20 поранешни функционери.

Од Специјалното јавно обвинителство се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.