СДСМ: Унапредување на образовниот систем

28.05.2018 13:11

Со реализацијата на одлуката ќе се обезбеди сигурност и стабилност на лицата вработени во средно и во основно образование...

Владата предводена од СДСМ донесе одлука за вработување на неопределно време на голем дел од наставниците и професорите во основното образование, со што се реализира уште една мерка преку која се унапредува образованиот систем, информираат од СДСМ.

Со реализацијата на одлуката ќе се обезбеди сигурност и стабилност на лицата вработени во средно и во основно образование, што ќе придонесе и за унапредување на квалитетот на наставата, стои во соопштението.