Бензините и дизелот поскапуваат за два денари
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денара, а нешто повисока цена ќе има и мазутот.

Ново поскапување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денара, а нешто повисока цена ќе има и мазутот.
Според пресметката, бензинот од 95 октани ќе се продава за 73,5 денари, оној од 98 октани за 75,5 денари, новата цена на дизелот изнесува 65 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 54 денари. Новата цена на мазутот изнесува 34,534 денари за килограм.
Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 3,9 проценти, како резултат на поскапата нафта на светските берзи и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
