САД
Евакуација во Флорида поради бурата „Алберто“
28.05.2018 14:02
Метеоролозите предупредија дека бурата може да предизвика смртоносни поплави во јужните крајбрежни држави.

Евакуација на илјадници жители на американската држава Флорида поради бурата „Алберто“, која се движи на север преку мексиканскиот залив. Метеоролозите предупредија дека бурата може да предизвика смртоносни поплави во јужните крајбрежни држави.
„Алберто“ е првата именувана атлантска бура годинава која почна пред официјалниот почеток на сезоната на ураганите. Поради „Алберто“ на Куба беа евакуирани над 5 илјади луѓе.
