САД

Џорџ Буш хоспитализиран во болница во Мејн

28.05.2018 14:23

Буш најстариот, најверојатно ќе остане на неколку дена за набљудување, изјави портпаролот, Џим Мекграт.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш хоспитализиран во болницата во Мејн, откако имал низок крвен притисок и замор. Буш најстариот, најверојатно ќе остане на неколку дена за набљудување, изјави портпаролот, Џим Мекграт.

Минатиот месец беше хоспитализиран во Тексас за лекување на инфекција која се прошири на крвта, и остана таму речиси две недели.

Буш беше примен во болницата еден ден откако присуствуваше на погребот на неговата сопруга, Барбара.