Стопанска комора

Се бараат измени на законската регулатива за лифтови

28.05.2018 14:35

Од групацијата за лифтови при Стопанската комора, десетина години бараат лиценцирање на компаниите, но безуспешно. Од Групацијата за домување, пак, тврдат дека тие не се овластени да ги исклучат неисправните лифтови во зградите...

Стопанската комора бара измени во законската регулатива за лифтови и одложување на примената на правилникот. Од матичната групација посочуваат дека компаниите не можат да ги исполнат условите за вградување дополнителни уреди што ги наметнува правилникот.

Од групацијата посочуваат дека од 2009-та година бараат лиценцирање на компаниите за лифтови за поголема безбедност, но засега не наишле на разбирање. Во Македонија со оваа дејност се занимаваат речиси 20 компании.

Законската регулатива е работена по европски терк. Предвидува до 2019-та година кај речиси сите лифтови дополнителна инвестиција од 5.000 до 10.000 евра.

 

Дијана Ценевска