Метео: Сончево и топло, попладне услови за дожд

28.05.2018 14:37

Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи, особено во западните и југоисточните планински предели. Во Скопје температурата ќе достигне до 30, а максималната дневна до 32 степена.

Во текот на утрешниот ден во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи, особено во западните и југоисточните планински предели.

Во Скопје температурата ќе достигне до 30, а максималната дневна до 32 степена.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време претпладне, а во попладневните часови на места ќе има појава на локална нестабилност.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска