ИТАЛИЈА

Котарели доби мандат за состав на Влада

28.05.2018 14:56

Мнозинство политички партии во Италија претходно соопштија дека во Парламентот нема да поддржат технократска влада и дека ќе инсистираат на распишување предвремени парламентарни избори наесен, доколку на чело не дојде коалициска влада.

Италијанскиот претседател, Серџо Матарела му го довери мандатот за состав на нова влада на Карло Котарели, поранешен претставник на ММФ. 62-годишниот економист прифати да ја предводи владата до одржување на новите избори во почетокот од наредната година.

Мнозинство политички партии во Италија претходно соопштија дека во Парламентот нема да поддржат технократска влада и дека ќе инсистираат на распишување предвремени парламентарни избори наесен, доколку на чело не дојде коалициска влада.

Претходно, мандатарот за состав на нова Влада, Џузепе Конте го врати мандатот на претседателот Матарела, откако шефот на државата одби да го прифати Паоло Савоно за министер за економија.