ВМРО-ДПМНЕ бара итно намалување на акцизата
Уште повеќе се удира по џебот на граѓаните, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата бара итно намалување на цената на акцизата.

Со последното зголемување на цента на бензините уште повеќе се удира по џебот на граѓаните, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата бара итно намалување на цената на акцизата.
„Инфлацијата тропа на врата, гледаме дека секој ден се зголемуваат цените на бензините и на дизелот, а од друга страна имаме ситуација во која што се зголеми акцизата од 3,5 денари од страна на оваа влада на Зоран Заев и Драган Тевдовски и таа трае веќе со месеци“, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.
Ѓорчев посочува дека од тие причини ВМРО-ДПМНЕ веднаш, неодложно бара од владата и од СДСМ да се укине акцизата со зголемување на цената на дизелот и неговите деривати која што ја наметна Владата на Република Македонија.
