Расте бројот на заболени од карцином на кожа
За секоја сомнителна бемка консултирајте се со лекар. Расте бројот на луѓе со рак на кожа. Само годинава нови 480 заболени. Лекарите предупредуваат- болеста не бира возраст и пол. Најмладиот пациент имал 13 години...

При промена на кожата и на бемките да се побара стручна помош – советуваат лекарите. Во земјава се зголемува бројот на заболени од рак на кожа, но доколку рано се открие, болеста се лекува. Овој карцином сѐ почесто ги напаѓа младите. На пластична хирургија оперирано е 13- годишно дете, најмадиот пациент кој починал имал 23 години.
Најважна е превенцијата, но проблем е што кај нас не е развиена дерматоскопската мрежа, потребно е да се доопремат регионалните центри. Потребна е и современа терапија за пациентите во подоцнежните стадиуми на болеста.
Министерот Филипче најавува стратегија за превенција на малигниот меланом, нова терапија и проширување на позитивната листа на лекови.
Точни бројки на заболени и стапка на преживување на пациентите во земјава нема. Според податоците од 2012-та година, стпката на смртност била 10 пациенти на 100 илјади жители.
Андријана Атанасовска
