ЕУ воведе построги правила за пластична амбалажа
Европската унија сака да стане светски лидер во рециклирање на пластичен отпад. Од Советот за надворешни работи во Брисел соопштија дека се воведуваат построги мерки за производство на пластика, задолжително собирање и рециклирање на пластични производи...

Европската унија воведе построги правила за пластична амбалажа. Со најновата стратегија за отпад на Комисијата, европските маркети се должни сите пластични производи да ги заменат со поеколошки.
„Усвоивме директива со која се опфаќа 70 проценти намалување на пластичниот отпад на европските плажи и десет најчести пластични материјали што тешко се рециклираат. Ќе забраниме употреба на пластични производи за кои постои поеколошка замена“, изјави Франс Тимерманс, потпретседател на ЕК за подобра регулатива.
ЕУ сака да биде лидер во рециклирање на пластичниот отпад. Производителите ќе мораат да ги рециклираат пластичните производи.
„До 2025-та задолжително ќе биде собирањето и рециклирањето на пластичниот отпад. Воведовме задолжително рециклирање на 90 проценти од пластичните шишиња. Истото ќе важи и за алуминиумски конзерви и производи од стакло. По забраната на пластичен отпад од страна на Кина, се приклучуваме и ние како Унија. Помалку пластика значи и поголеми бизнис можности“, вели Јурки Катаинен, потпретседател на ЕК за вработувања и економски раст.
Еврокомесарите се уверени дека најновата регулатива ќе биде успешно спроведувана во земјитете- членки, како што беше случајот и со 50- процентното намалување на употребата на пластичните кеси во маркетите.
Ирина Гелевска
