Средба Трамп- Абе пред самитот со Ким Јонг-Ун
САД и Јапонија бараат трајно откажување од нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје на владата на Пјонгјанг, како и програмата за балистички ракети.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе пред самитот со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун. САД и Јапонија бараат трајно откажување од нуклеарното, хемиското и биолошкото оружје на владата на Пјонгјанг, како и програмата за балистички ракети.
По американскиот подготвителен тим, во Сингапур пристигна и советник на лидерот од Северна Кореја пред самитот чиешто одржување беше неизвесно поради заострената реторика на релација Вашингтон- Пјонгјанг.
Во меѓувреме, весникот „ Волстрит џурнал“ објави дека американското Министерство за финансии подготви нов пакет санкции за Северна Кореја, со кои ќе бидат засегнати руски и кинески компании за да се ограничат странските приливи во буџетот на Северна Кореја.
