Mилошоски објави план за промена на името во 10 точки

29.05.2018 10:23

Според Милошоски, Заев и Ципрас треба да се сретнат во почетокот на јуни во Преспа по што ќе следува договор, а новото име ќе оди во Собранието за што, дополнува, за промената ќе треба 61 пратеник или просто мнозинство.

Поранешниот шеф на македонската дипломатија Милошоски на својата Фејсбук страница објави план во 10 точки во кој што според него, Македонија ќе ги примени уставните измени што претставува име за севкупна употреба.

Според Милошоски, Заев и Ципрас треба да се сретнат во почетокот на јуни во Преспа по што ќе следува договор, а новото име ќе оди во Собранието за што, дополнува, за промената ќе треба 61 пратеник или просто мнозинство.

По ова, Грција ќе испрати писмо до НАТО за покана за прием на Македонија во Алијансата, напиша Милошоски на својата Фејсбук страница.