Кривичен суд

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

29.05.2018 10:28

Во случајот „Траекторија“ обвинети се четири службени лица, поранешни високи владини функционери, дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство- „Траекторија“ и „Тарифа“.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се четири службени лица, поранешни високи владини функционери, дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Рочиште треба да се одржи и за случајот „Тарифа“ на СЈО, каде обвинети се поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски, и уште други две лица, за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“, вреден околу четири милиони евра.