Професионален војник повреден за време на вежба
29.05.2018 11:25
Министерството за внатрешни работи соопшти дека инцидентот вчера напладне бил пријавен во Полициската станица Неготино од Воената полиција.

35-годишен професионален војник од Скопје се повредил при изведување вежба за боево гаѓање со рачен, ракетен фрлач. Министерството за внатрешни работи соопшти дека инцидентот вчера напладне бил пријавен во Полициската станица Неготино од Воената полиција.
Повредениот со возило на итната медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Јавен обвинител е запознаен со настанот. На местото е извршен увид од неготинската полиција и од припадници на Воената полиција при Министерството за одбрана.
