ЧЕШКА
Земан ќе го предложи вторпат Бабиш за премиер
29.05.2018 11:27
Неговата партија АНО постигна коалициски договор со Социјалдемократската партија, кој ќе стапи во сила кога ќе го потврдат членовите на социјалдемократите на интерен референдум закажан за 15 јуни.

До средината на јуни, чешкиот претседател Милош Земан планира по вторпат да го именува бизнисменот Андреј Бабиш за премиер.
Неговата партија АНО постигна коалициски договор со Социјалдемократската партија, кој ќе стапи во сила кога ќе го потврдат членовите на социјалдемократите на интерен референдум закажан за 15 јуни.
Доколку не успее договорот со нив, Бабиш бара предвремени избори идната пролет. Претседателот Земан е против оваа идеја.
