Могерини: Добрите вести за решение за името ќе бидат поздравени од ЕУ

29.05.2018 12:21

Според шефицата на европската дипломатија, спорот со името долго време правел проблеми во севкупниот развој на земјата и на регионот...

Добрите вести ќе бидат поздравени од ЕУ, изјави вчеравечер во Брисел потпретседателкста на Европската комисија, Федерика Могерини, додавајќи дека спорот со името долго време правел проблеми во севкупниот развој на земјата и на регионот.

„Моќта на добрата вест што ќе ја донесе решение за името, ќе биде толку силно поздравена од меѓународната заедница и ЕУ, што сите земји ќе мораат ова да го земат предвид. Спорот за името постои одамна, создаваше компликации со години, и ако силното политичко лидерство со посредство на ОН и силно инволвирање на ЕУ, може да донесе договорен резултат на вака тешка тема, тоа ќе биде инспирација и за други и ќе биде доказ дека мултилатералниот пристап е тој во кој треба да се инвестира. Сето ова треба да биде препознаено од Европскиот совет“- изјави Могерини.