Воена вежба: руската војска во состојба на готовност
Во проверката е вклучена и авијацијата, изјавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за агенцијата Интерфакс...

Во екот на кризата со Украина, шефот на Кремљ Владимир Путин наредил проверка на борбената готовност на руската армија стационирана во западниот дел од земјата, кон соседната кризна држава.
Во проверката е вклучена и авијацијата, изјавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за агенцијата Интерфакс. Проверката ќе ја опфаќа подготвеноста за реакција на кризни ситуации и на воена загрозеност на државата, рекол Шојгу. Маневрите ќе бидат вршени во две етапи и ќе почнат веднаш, а ќе траат до 3. март. Путин и минатите години краткорочно донесуваше одлуки за воени маневри.
Американскиот државен секретар Џон Кери и британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг оцениле дека Украина не е и не треба да биде бојно поле на кое ќе се судрат Западот и Истокот, апелирајќи за поддршка за Украинците по смената на украинскиот претседател Виктор Јанукович.
