Белгија

Три жртви во престрелка во Лиеж

29.05.2018 12:30

Според некои информациии во престрелката смртно настрадал и еден случаен минувач...

Двајца полицајци биле убиени во центарот на Лиеж, источна Белгија во престрелка со напаѓач кој претходно држел жена како заложник. Третата жртва е напаѓачот чии мотиви и причина за нападот за сега не се познати.

Според некои информациии во престрелката смртно настрадал и еден случаен минувач. Во тек е истрага за инцидентот.