Менаџери од земјава на обука кај Мајк Зафировски
Извршни директори и менаџери од земјава на обуки кај Мајк Зафировски. Програмата на нашиот успешен бизнисмен од дијаспората е наменета за воведување новини во управувањето со цел развој на компаниите. Се очекува обуките да придонесат за јакнење на конкуретноста на домашната економија...

Македонски извршни директори, дел од престижната Келог- програма за бизнис лидери на Мајк Зафировски. Се запознаа со новините во управувањето, развојот и спроведувањето на корпоративната стратегија. Искуствата од САД ги пренесуваат во земјава.
„Апликативно во секој бизнис, без разлика дали станува збор за мала или голема фимра, финансиските алатки може да ги употребите во секој случај. Корисно во секој аспект.“
„Колку повеќе ги вратиме и афирмираме вистинските вредности, толку повеќе имаме шанси за подобра и попросперитетна иднина“- велат дел од менаџерите.
Помагаме во градењето на капацитетите на идните македонски бизнис лидери, вели Мајк Зафировски, член на одборот на Македонија 2025. Претприемништвото и иновациите остануваат во фокусот.
„Оваа програма е развиена за да се помогне развојот на извршните директори во земјава. Македонија 2025 има цел да изгради посилна нација преку економски развој. Сметаме дека развојот на лидерството е важна тема, имаме многу програми за различни нивоа. Сакаме во програмата да ги вклучиме најистакнатите лидери од Македонија кои ќе се обучуваат на Келог, еден од најдобрите универзитети. Сакаме 15- 17 извршни директори да стекнат знаење преку оваа програма“, изјави Мајк Зафировски, Македонија 2025.
Програмата за извршни директори на Мајк Зафировски втора година по ред обезбедува стипендии за менаџерите од земјава. Целта е понатамошен развој на македонската економија и работната сила.
Сунчица Николоска
