„Порта џез фестивал“ во Битола

26.02.2014 15:01

Звуците  на џезот во Битола.Градот  ќе биде домаќин на првиот „Порта џез фестивал“ кој ќе трае од 28 февруари до 2 март. Настанот ќе го отвори промоторот на џез културата во Македонија, Оливер Белопета. Публиката ќе може да ги проследи настапите на „Тони Китановски трио“ чии гости ќе бидат Кубанецот Оскар Салас и Американецот Дејв Вилсон, „Сетстат“, „Џезобел квинтет“ и триото на Поповски, Секуловски и Јосифовски.

Фестивалот ќе ги престави врвните дострели на домашната џез сцена и престижни музички уметници од светот.

На првото издание на оваа субкултурна манифестација публиката ќе има можност да ужива во настапите на докажани македонски џез музичари и творци кои со години наназад ја крепат идејата за силна, плодотворна и пулсирачка сцена која би и доликувала на држава во која дефинитивно се случува еден од најквалитетните и најавангардните џез фестивали во овој дел на светот – Скопскиот џез фестивал.

„Порта џез фестивал“ е уште едно камче во мозаикот на фестивали кои на еден или друг начин ја третираат најслободарската музичка форма и кои се обидуваат да ја стимулираат современата раздвижена македонска џез сцена.

 Покрај концертните настапи програмата вклучува и џез работилници и проекции на музички филмови.

Моника Јовановска