Стејт департмент: Верските разлики во Македонија и натаму фигурираат низ судските лавиринти
За Македонија се наведува дека верските разлики продолжуваат да фигурираат во кривични и во граѓански судски процеси. Како пример е наведен повторениот процес против Јован Вранишковски.

Американскиот Стејт департмент го објави Ивештајот за верските слободи за 2017-та година. За Македонија се наведува дека верските разлики продолжуваат да фигурираат во кривични и во граѓански судски процеси. Како пример е наведен повторениот процес против Јован Вранишковски.
Нотирани се и поплаките од Исламската верска заедница дека во селoто Лажец и во Крива Паланка се вршaт блокади за изградба на џамии, а слично е и со реконструкцијата на џамијата во Прилеп.
Македонската православна црква, пак, се пожалила дека Општина Струга сѐ уште не донела одлука за изградба на православна црква во селото Белица, а Општина Тетово одбива да изгради пат до верски храм.
