Затворени граничните премини кон Грција поради штрајк на грчките цариници
30.05.2018 09:22
Граничниот премин „Меџитлија“ е затворен од ноќеска на полноќ, „Стар Дојран“ од 5 часот, а „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово.

Трите премини кон Грција се затворени. Сообраќајот е во 24- часовен прекин поради штрајк на грчките цариници. Граничниот премин „Меџитлија“ е затворен од ноќеска на полноќ, „Стар Дојран“ од 5 часот, а „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово.
Според добиеното известување, на грчкиот дел од премините целосно ќе биде во прекин сообраќајот за патнички и товарни возила и за автобуси. Ќе бидат пропуштени само итни случаи.
