Шекеринска ќе биде одликувана со орден „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“
Орденот се доделува за истакнати граѓански заслуги, а воспоставен е во 1963-та година од генералот Де Гол.

Министерка за одбрана Шекеринска ќе биде одликувана со орден „Командант на националниот ред за заслуги на Франција“. Високото одликување во име на претседателот Макрон ќе и биде врачено утревечер на прием во Француската резиденција во Скопје.
Орденот се доделува за истакнати граѓански заслуги, а воспоставен е во 1963-та година од генералот Де Гол.
Мојата цел е да придонесам колку што можам во зацврствувањето на европските вредности во мојата држава, Република Македонија, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ, во име и за подобар живот на граѓаните, вели министерката за одбрана.
Шекеринска е прв македонски политичар што добива признание од овој ранг.
