ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, Заев донесе преживување

30.05.2018 10:28

Додека граѓаните го полнат буџетот на Република Македонија со зголемените давачки кои ги наметна картелот, Заев и групата околу него го празнат буџетот за свои сопствени потреби и луксузирања- велат од опозициската партија...

Република Македонија тоне и економски и политички, а картелот на власт предводен од Зоран Заев ги носи граѓаните кон сиромаштија и беда, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, СДСМ ја покачи акцизата за 3,5 денари, што е директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството.

Додека граѓаните го полнат буџетот на Република Македонија со зголемените давачки кои ги наметна картелот, Заев и групата околу него го празнат буџетот за свои сопствени потреби и луксузирања.

Економијата доживува целосен крах. Граѓаните секојдневно стануваат се посиромашни. Наместо живот, Заев им донесе преживување, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.