Ципрас: Перспективата за решение се наѕира во тешките, но неопходни преговорите за името
Грчкиот премиер истакна дека сликата за Грција на меѓународен план полека се менува и се зајакнува, но за тоа се потребни смели и тешки одлуки. Може да се постигне ако се тргне настрана политичката цена, а предвид да се има интересот на земјата.

„Перспективата за решение се наѕира во тешките, но неопходни преговорите за името со поранешната југословенска Република Македонија. Преговори со кои управувавме и продолжуваме да управуваме со чувство на одговорност и патриотизам. Но, и со решителност и верба во потребата за изнаоѓање решение“, изјави грчкиот премиер Ципрас. Вели дека договор е можен ако се тргне настрана политичката цена, а во предвид да се има интересот на земјата.
Грчкиот премиер истакна дека сликата за Грција на меѓународен план полека се менува и се зајакнува, но за тоа се потребни смели и тешки одлуки. Може да се постигне ако се тргне настрана политичката цена, а предвид да се има интересот на земјата.
„Веруваме дека можеме да ја вратиме водечката позиција на земјата на Балканот. Нешто што ќе има пошироки позитивни последици, не само на геополитички план, туку и во областа на економијата и претприемништвото, создавајќи една нова динамика за развој на нашиот регион, на Балканот, нова перспектива на соработка со сите земји од нашиот регион“, додаде Ципрас.
