Една година Влада: Премиерот Заев со отчет за сработеното
Владата на Република Македонија ги продолжува разговорите со Грција, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес- конференција пред Владата, во присуство на сите министри. Нагласи- за името ќе има референдум, на кој граѓаните ќе го имаат конечниот глас. Се одбележа една година од работењето на Владата...

Чекориме кон НАТО и ЕУ, решаваме спорови, го јакнеме индентитетот. Владата на Република Македонија ги продолжува разговорите со Грција, порача премиерот Зоран Заев на денешната прес- конференција пред Владата, во присуство на сите министри. Се одбележа една година од работењето на Владата.
„Никогаш не сме биле поблиску до решение, а пријателството меѓу двете земји и двата народа никогаш не било поголемо. Македонскиот јазик е потврден, нашиот идентитет е потврден, не е лесно ова прашање, но на Македонија и треба лидерство за да чекори напред, а не само празни зборови“, рече Заев.
Нагласи- за името ќе има референдум, на кој граѓаните ќе го имаат конечниот глас.
Прес- конференцијата на премиерот Заев по повод една година Влада, може да ја погледнете на следниот ЛИНК
