Кривичен суд

Одложено рочиштето за случајот „Тотал“

30.05.2018 11:36

Во случајот „Тотал“ е осомничен новинарот Драган Павловиќ- Латас за затајување данок.

Поради барање на одбраната денеска во Кривичен суд беше одложен предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тотал“ е осомничен новинарот Драган Павловиќ- Латас за затајување данок.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.