РИМ

Одложено формирањето италијанска Влада

30.05.2018 12:02

Котарели, поранешен претставник во ММФ, денеска треба повторно да се сретне со шефот на државата...

Одложено е формирањето преодна италијанска влада составена од независни технократи откако мандатарот Карло Котарели не му го достави списокот со министри на претседателот Серџо Матарелa.

Котарели, поранешен претставник во ММФ, денеска треба повторно да се сретне со шефот на државата. Тој треба да биде на чело на Владата до предвремените избори, најверојатно во септември годинава.

Матарела му го довери мандатот бидејќи пропадна обидот на популистичките партии да формираат Влада.