ЕРУСАЛИМ
Хамас: Постигнато примирје со Израел
30.05.2018 14:32
Според информаците, во постигнувањето примирје посредувал Египет, откако отпорот успеал да и се спротивстави на агресијата.

Претставници на Хамас соопштија дека организацијата постигнала примирје со Израел со што е ставено крај на најголемата ескалација на насилство меѓу двете страни.
Според информаците, во постигнувањето примирје посредувал Египет, откако отпорот успеал да и се спротивстави на агресијата. Од друга страна, пак, од израелската влада соопштуваат дека никаков договор до сега не бил постигнат.
Според информациите, во текот на ноќта израелската војска нападнала десетина воени упоришта во Газа, а продолжиле и ракетни испалувања кон јужните израелски заедници.
