ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ЗА ИМЕТО

Мнозинството граѓани на референдум би гласале против „Илинденска Македонија“

30.05.2018 14:40

„М-проспект“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведоа телефонската анкета. Го опипале пулсот на граѓаните за промена на името на земјава во Република Илинденска Македонија. Мнозинството испитаници, односно 61,5 проценти одговориле дека на рефрендум би гласале против ваквиот предлог.

Агенцијата за истражување на јавното мислење „М-проспект“ и Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведоа телефонската анкета. Го опипале пулсот на граѓаните за промена на името на земјава во Република Илинденска Македонија. Мнозинството испитаници, односно 61,5 проценти одговориле дека на рефрендум би гласале против ваквиот предлог.

Против би гласале над 70 проценти од етничките Македонци, а меѓу симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, 92,7 проценти би гласале против. Истражувањето покажало дека додавката „Илинденска“ е помалку прифатлива од додавката „Горна“.

41,5 проценти од анкетирани би прифатиле „Горна“, а 27,2 отсто би се согласиле за промената „Илинденска“.

Исто така, на прашањето дали се согласувате со промена на името во Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане дел на Европската унија,  52,4 проценти одговориле со „не“.

Истражувањето е спроведено телефонски, од 23-ти до 26-ти мај, на репрезентативен примерок од 1.047 испитаници над 18 години. Податоците се со веројатност на точност од 95 проценти и со можност за грешка од плус/минус 3 проценти.