Пронајдени 43 илегални мигранти во комбе за транспорт на пецива, возачот во притвор

30.05.2018 14:44

Илегалните мигранти од Пакистан, Ирак и од Авганистан, кои се пренесени во транзитниот центар Табановце.

Полицијата фати 43-ца мигранти, меѓу нив осум малолетници. На автопатот од Куманово кон Табановце, кај селото Костурник, патролната служба забележала товарно моторно возило со скопски регистерски таблици, кое носело ознаки на компанија за производство и дистрибуција на пецива.

На возачот му бил даден знак да застане за контрола, но тој почнал да бега, по што бил фатен од полицијата. Се работи за 30-годишен жител на Радовишко.

Во камионот се пронајдени мигранти од Пакистан, Ирак и од Авганистан, кои се пренесени во транзитниот центар Табановце. На возачот му е одреден притвор од 30 дена.