Народен правобранител

Мемети: Институцијата Омбудсман ја има поддршката на граѓаните

30.05.2018 14:52

Институцијата Омбудсман во земјава ја има поддршката на граѓаните. Народниот правобранител Мемети вели дека институцијата се соочувала со различни предизвици и премрежиња. Владата ќе направи сѐ кадровски да ја зајакне за да биде ефикасна, потецира премиерот Заев...

Четиринаесет години на чело на инситуцијата, останал доследен на својата мисија да ги заштити правата и слободите на граѓаните, тврдеше во своето обраќање омбудсманот Иџет Мемети, на одбележувањето две децении од постоењето на Народниот правобранител. Омбудсманот наидувал на сериозни проблеми, но со истрајност ги убедувал инстуциите во својата професионалност и правичност.

Премиерот Зоран Заев рече дека присуството на законодавната, извршната и на судската власт на одбележувањето на јубилејот, покажува голема општествена свест, дека власта не смее да се злоупотребува. Укажувајќи на надзорната функција на Собранието за нивото на почитување на правата и слободите на граѓаните, претседсателот на законодавниот дом, Талат Џафери рече дека токму преку извештаите на Народниот правобранител, може да стане уште поефикасна оваа функција на народните избраници. Преку видео обраќање јубилејот го поздрави и европскиот омбудсман, Емили Орајли.

Во двете децении, омбудсманот констатирал близу 18.000 повреди на човековите слободи и права. Во околу 14.000 случаи успеал да ги заштити правата на граѓаните. Покрај националниот превентивен механизам, со законските измени ќе се воведе и механизам за надзор над полицијата.

Фиљана Кока