Пушачите почесто страдаат од срцев и мозочен удар
Употребата на тутунот и пасивното пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, велат лекарите. Пушачите два до четири пати почесто страдаат од срцев и од мозочен удар, за разлика од непушачите. „Избери здравје, а не тутун“- кампања и заеднички заложби во превенција и намалување на неговата употреба за унапредување на здравјето на граѓаните...

Пушачите страдаат од два до четири пати почесто од срцев или од мозочен удар во однос на непушачите. На светскиот ден – алармантна статистика. Во Македонија, 46 проценти од луѓето на возраст од 15 до 64 години се пушачи. Повеќето се свесни за последниците, но тешко се откажуваат од лошата навика.
Здравствените власти предупредуваат- употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања. Почна кампања за превенција и за подигнување на свеста. Кај младата популација веќе има резултати.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, во 2016-та година од болести на циркулаторниот систем починале речиси 11 илјади луѓе.
Годинава кампањата се одржува под мотото „Избери здравје, а не тутун“. Од државната каса за поддршка на програмата за превенција од срцеви заболувања се одводени пет милиони денари, а во функција се 10 советувалишта за откажување од цигари.
Наташа Гркова- Петрушевска
