Средба меѓу Помпео и Јонг- Чол во Њујорк
Поранешниот шеф на разузнавачката служба и еден од најблиските соработници на Јонг-Ун е највисокиот претставник кој зачекорил на американска територија во последниве 18 години.

Севернокорејскиот генерал Ким Јонг- Чол во Њујорк на средба со американскиот шеф на дипломатијата Мајк Помпео во рамките на подготовките за историскиот самит на претседателот Доналд Трамп и лидерот Ким Јонг- Ун во Сингапур.
Поранешниот шеф на разузнавачката служба и еден од најблиските соработници на Јонг-Ун е највисокиот претставник кој зачекорил на американска територија во последниве 18 години.
Интензивни подготовки се во тек и на азискиот и на американскиот континент иако се уште постои неизвесност околу одржувањето на сингапурскиот самит.
Рускиот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров е во официјална посета на Северна Кореја на разговори со колегата Ри Јонг- Хо.
