Венизелос си се пофали за Балканската турнеја
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос го информирал Постојаниот комитет за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент за неговата турнеја низ Западен Балкан, и посетата на Македонија.

Венизелос, како што јави МИА од Атина, во извештајот за престојот во Македонија опфатил се што се случуваше во изминатиот период, од заклучоците на Европскиот совет до политичкиот договор од 1 март 2013 . Тој и овој пат не пропуштил да ја обвини нашата земја дека има многу недостатоци при исполнувањето на Копенхашките критериуми, меѓу кои се „добрососеските односи и почитувањето на меѓународното право“.
- Отворената меѓунродна разлика околу името, како што е определена со одлуките на Советот за безбедност на ОН, е пример за несообразност со принципите на добрососедство,, рекол Венизелос..Тој информирал дека разговорите во Скопје се одвивале во атмосфера „која не била пријатна“. Додал дека за време на неговата посета „пред канцеларијата на премиерот Груевски бил организиран мал протест против геноцидот врз Македонците“.
Венизелос повторил дека македонскио премиер го уверил дека Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту пак манифестира иредентизам во односите со земјата“.
- Фактот дека разговаравме и јасно ги искажавме нашите ставови е важен. Фактот дека грчки министер за надворешни работи отиде во Скопје, како меѓународна порака го зајакнува кредибилитетот на земјата и го зголемува нашиот дипломатски капитал, заклучил Венизелос самиот честитајќи си за „многу важната турнеја“ низ Западен Балкан.
