Граничните премини кон Грција се отворени

31.05.2018 11:26

Граничните премини, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила...

Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење. Трите гранични премини кон Грција, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила.

Поради штрајкот беа откажани многубројни авионски летови, во прекин беше движењето на фериботите и возовите, како и јавниот сообраќај.